Паштета со сардини и ореви

Освен што едноставно се подготвува, оваа паштета е многу вкусна и здрава.

0
480

Овој вкусен намаз е одличен за сервирање со крекери, како предјадење или мезе.

Состојки:

1 сардина (исцедете го маслото)
1 рака ореви или кикирики (по желба)
Црн пипер
Сенф
Виолетов кромид
Магдонос
1 лажица маслиново масло

Приготвување: 

Ставете ги оревите (или кикириките) во блендер и мешајте се додека не се претворат во паста.

Додадете ја сардината, кромидот, зачини по вкус и маслиново масло.

Измешајте и послужете со интегрален леб или со крекери.