Паста со горгонзола, круши и ореви

0
289

Состојки:
За сосот:

1 голема круша
30 г путер
100-120 г горгонзола
30-40 г ореви
Неколку лажици од водата во која се враи пастата или павлака за готвење
200 г тестенини по избор
Пармезан за поросување

Приготвување:

1. Излупете ја крушата и исечкајте ја на коцки. Одвојте еден дел од горгонзолата кој ќе го дадете на самиот крај, а преостанатиот дел исечете го на коцки. Оревите исечкајте ги.
2. Сварете ги тестенините во зовриена солена вода според упатствата од пакувањето.
3. Во тава истопете го путерот и додадете ја крушата исечкана на коцки и поклопете. Пржете ги на средна температура со повремено мешање околу 5 минути. Додадете ги оревите (оставете малку настрана за поросување во чинијата), измешајте и тргнете од оган.
4. Кога е пастата сварена, одвојте од водата во една шолја, а потоа процедете ја.
5. Ставете ја горгонзолата во тенџерето во кое се вареше тестенината со неколку лажици од водата што ја одвоивте. Намалете ја тенпературата и мешајте додека сирењето да се стопи.
6. Додадете ја пастата, измешајте и додадете по потреба уште неколку лажици вода за да не биде сува. Додадете ги крушите и оревите, сирењето што го оставивте настрана и се измешајте. Ставете ги тестенините во чинии и поросете со сечканите ореви и по желба поросете со изрендан пармезан.