Павлова торта со јагоди

Иако на прв поглед изгледа како едноставен десерт, оваа торта е вистински декадентен деликатес! Крцкава однадвор, а мека и сочна однатре. Прекриена со миризливи јагоди, оваа торта е совршен спој на слатко и кисело. Најдобро од се е што е направена со путер од кикирики.

0
831

Состојки:

1 шолја шеќер во прав

1 1/2 лажичка густин

4 белки

1 лажичка бел вински оцет

1/2 шолја путер од кикирики

1 шолја павлака за шлаг

1 лажичка  ванила

250 г свежи јагоди исечени на половинки

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 135 степени
  2. Подгответе го садот за печење и обложете го со хартија
  3. Помешајте ги шеќерот и густинот
  4. Мешајте ги со миксер белките и оцетот додека не добиете пенлива смеса која полека се зацврстува; постепено додавајте ја смесата од шеќер и густин, постојано мешајќи околу 3 минути додека не се добие цврст снег.
  5. Нежно со шпатула додадете го путерот од кикирики и се заедно ставете во сад за печење со размер од 18 цм и се пече во загреана рерна 1 час и 15 минути, додека горниот дел не стане сув и не добие по малку златна боја.
  6. Печената торта целосно оладете ја на собна температура па послужете ја со јагоди.