Печење во обвивка од хартија

Јадењата приготвени со помош на хартија за печење се миризливи, сочни, и многу здрави.

0
149

Ако решите да испробате и да го приготвите зеленчукот, рибата или месото во обвивка од хартија, нема да згрешите. Ќе бидат еднакво вкусни не само месото, туку и зеленчукот приготвен на тој начин.

При печењето во хартиена обвивка се собира пареа, па затоа треба внимателно да се отвори. Ако сакате да заштедите време, компирите не морате да ги варите, туку само исечете ги на многу тенки кришки.

Еве како можете да ги обликувате пакетчињата.

Како бонбона

Пакетчињата кои се од двете страни врзани со кујнски конец изгледаат како бонбони. Ваквиот начин на пакување е пригоден за помалипарчиња овошје, зеленчук и слично.

Наредете ги состојкитеврз хартијата за печење, од страните оставете малку слободен простор, а потоа обликувајтепакетчиња во облик на бонбони или вреќички.

Како писмо

Овој облик се формира такашто треба да превиткате едно парче хартија или да споите две парчиња. Аглите завиткајте ги неколку пати и прицврстете ги со чепкалки или со мали штипчиња.

Ваквиот облик е пригоден за поголеми порции, на пример, за тиквички, лазањи, месо и слично.

Фото: Unsplash