Печен камембер со круши и со брусница

0
629

Состојки:

1 јајце
1 лажичка вода
1 круша
2 лажици путер
3 лажици кафеав шеќер
2 лажици сушена брусница
1 пакување сирење камембер

За лиснато тесто
150 г путер
225 г брашно
сол
150 мл вода

Приготвување
1. За лиснатото тесто: Измешајте ги брашното, солта и водата и замесете ги. Потоа ставете го путерот врз тестото и затворете го со тестото. Измесете и оставете го во фрижидер 20 минути. Потоа повторно размесете го и повторно оставете го во фрижидер уште 20 минути.

2. Во еден сад измешајте ги јајцето и водата.

3. Стопете путер во тава и испржете ги крушите, додајте шеќер, а откако ќе се стопи, додајте ги брусниците. Потоа тргнете ги на страна.

4. Отворете го тестото. Исечете го сирењето на половина. Врз него сипете половина од смесата со кршите, поклопете го со горниот дел од сирењето и врз него сипете го остатокот од крушите. Намачкајте ги рабовите од тестото со јајцето, па затворете го сирењето со тестото. И од надвор намачкајте го тестото со јајце.

5. Печете на 200 степени, околу 20 минути.