Печен зеленчук

0
501

 

Состојки:

1 цвекло

1 батат

10-15 главички прокељ

Маслиново масло

Сок од 1 лимон

Сол, бибер, босилек

Приготвување:

  1. Излупете ги цвеклото и бататот, а прокељот засечете го, извадете ги надворешните ливчиња и измијте го.
  2. Исечете ги цвеклото и бататот на парчиња. Ставете ги во тава за печење, наредете ги главиците прокељ, прелејте со маслиново масло, зачинете и печете го во загреана рерна најмногу половина час.
  3. Сервирајте со сок од лимон.