Печено пилешко со цреши и рукола

Да, да, не е грешка, пробајте ја оваа комбинација и нема да згрешите

0
143

Состојки:

Пилешко бело месо

1 исечкана главица кромид

1 шолја цреши

1 шолја рукола

2 лажици масло

Сол, црн пипер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180°C.

Намрсете го пилешкото и зачинете го по желба

Ставете го во огноотпорен сад и прекријте го со алуминиумска фолија

Печете околу 30 минути

Извадете го месото и додадете ги ситно сечканиот кромид и црешите

Печете без фолија уште 20 минути

Пред послужување поросете со една рака свежа рукола.