Печено свинско со костени и сланина

Слатките есенски залчиња му даваат посебен вкус на секое јадење, особено на вкусното свинско со сланина.

0
384

Вистински есенски ручек ќе добиете токму со комбинација на есенските плодови. Спојте го раскошното свинско со костени, додадете зачини како жалфија, рузмарин и лук, па се збогатете со вкусовите на сува сланина.

Можете да додадете и печурки и прокељ кои на прекрасен начин ќе ја дополнат целата есенска комбинација.

Состојки:

2 гранчиња жалфија

2 гранчиња рузмарин

5 чешниња лук

500 г свинско

Сол, црн пипер

300 г костени

250 г сува сланина

Приготвување:

  1. Исечкајте ги жалфијата, рузмаринот и лукот.
  2. Додадете им го свинското (исечено) на зачините, измешајте и оставете го да отстои два часа.
  3. Излупете ги костените.
  4. Во садот за печење наредете ги свинското, костените и сланината и печете во загреана рерна на 180°c околу 90 минути.