Со оваа печка ќе испечете совршена пица дома

Потребни се само 6 минути за да се испече една пица.

0
530

Дали некогаш сте се запрашале зошто пиците што ги правите дома не се како оние од пицерија? Проблемот не е во тестото. Не е ни во филот. Решението за перфектна пица е во печката. За жал, повеќето од нас немаат пари (или простор) за професионална печка за пици, но благодарение на печката Pizzacraft Pizzeria Pronto Stovetop, која е достапна на Амазон, секој може дома да направи свежа пица без оглед со колку мала кујна располага.

Печката се поставува над гасот од вашиот шпорет и може да достигне температура од 600 степени што е повеќе отколку што можат повеќето обични печки. Потребни се само 6 минути за да се испече една пица, па дури и ако можете да правите само една по една, сепак ви се доволни само 30 минути за да испечете пет пици. Одлично за пица забави!