Пекмез од јагоди и чиа семки

0
815

Состојки:

3 1/2 шолји јагоди

1/4 шолја јаворов сируп

Малку сол

2 лажици чиа семки

Семки од две лушпи од ванила

1 лажица сок од лимон

Приготвување:

  1. Помешајте ги јагодите, јаворовиот сируп, солта, ванилата и оставете ги да зовријат на средна температура – варете околу 10 минути за да омекнат, а потоа намалете ја температурата на најслабо, па со дробилка за компири згмечете ги јагодите за да се претворат во густа и мазна смеса – ќе биде доста воденесто, но тоа е во оваа фаза нормално.
  2. Помешајте ги чиа семките и оставете да се вари околу 15 минути – додека не се згусне и не испари течноста.
  3. Тргнете го тенџерето од оган, па додадете ги сокот од лимон и ванилата. Ставете ја смесата во фрижидер да се олади непокриена.

Вака подготвен пекмезот може да стои во фрижидер 2 недели, а ако сакате да го подготвите за зимница, додадете му некој зацврснувач и конзерванс за да може да трае подолго.