Пет видови храна од конзерва која можете да ја јадете без страв

Конзервираната храна е на глас како безвкусна и нездрава затоа што на одредена намирница ѝ се продолжува векот на траење со адитиви од сомнително потекло. Но тоа не е случај со сите видови на конзервирана храна. Еве во кои лименки можете да уживате без грижа на совест.

0
428

Ако внимавате на здравата исхрана сигурно ручекот или вечерата не ви се сведува на подгреана конзерва, но малкумина се оние кои немаат во својата остава барем една конзерва, туна, грав, пченка, домати. Сепак, постои конзервирана храна која можете да ја консумирате без грижа на совест.

Грав

Ако немате време за повеќечасовно натопување на гравот и варење, не чувствувајте грижа на совест. Купете грав во конзерва, добро исцедете ја солената вода во која стоел и внимателно измијте го па искористете го за приготвување на супи, варива, намази и слично. Гравот е извонредна нанирница  затоа што е богата со прехранбени влакна и протеини.

Дива риба

Конзервираните сарднини и туната се одличен додаток во салатите. Кога имате избор бирајте конзерви со риба уловена на отворено море затоа што тие од одгледувалиштата ги хранат со вештачка храна, а се третирани и со антибиотици.

Пелати 

Доматите се темел на секој црвен сос и супи. Ако немате при рака свежи домати во сезона, послужете се со конзервирани пелати. Одбирајте цели домати наместо оние исечканите затоа што со целите имате поголем број кулинарски комбинации.

Кокосово млеко

Ако уживате во азиските вкусови, кокосовото млеко е неизбежна намирница во приготвувањето на овој вид на храна. Се додава во кари, но и во печени кекси, овесна каша и смуди. Ако можете бирајте конзерви кокосово млеко со што помалку адитиви.

Артичоки

За чистење на цела артичока е потребно многу време и умешност. Освен тоа, станува збор за скап зеленчук кој има многу мал јадлив дел. Срцето на артичоките е богато со влакна и пребиотици, па се сметаат за одличен додаток во салатите и јадењата од тестенини. Кога ќе ви затребаат, послужете се со оние од конзерва:

Совет плус: Внатрешната страна на голем број конзерви содржи хемиско соединение бисфенол (BPA) кој е поврзан со проблеми во метаболизмот, хормонални пореметувања, дијабетес тип 2, срцеви болести и слично. Ако сакате да избегнете ризик, бирајте конзерви без бисфенол-A, или побарајте храна во други видови на пакување.

Фото: Pixabey