Пет заблуди за здравата исхрана

0
461

 

Иако денеска сите пишуваат за здравата храна и за здравата исхрана, не значи дека е точно се што ќе прочитате. Дознајте во продолжение кои 5 митови кога станува збор за здравата исхрана често можете да ги слушнете и престанете да верувате во нив!

  1. Само смути од сурово овошје и зеленчук може да го детоксицира организмот

Единствен начин вашето тело да ги исфрли од себе токсините е да имате редовна столица и добро да се испотите. Значи, важно е да јадете намирници кои се многу хранливи и малку обработени. Не е лошо да почнете да вежбате!

 

  1. Доколку сте на диета не смеете никако да јадете обработени намирници

Ова би значело дека не смеете да јадете јогурт, овес, како ни овошје и зеленчук кои пред консумирањето е потребно да се обработат.

Знаете и сами дека не можат баш сите намирници да се јадат сирови.

На пример, месото и јајцата се често дел од диеталната исхрана, а нив секако морате термички да ги обработите.

  1. 3. Подобро е да се јадат шест помали оброци отколку три класични

Ова е точно, меѓутоа, не им е на сите практично и не треба да се чувствувате лошо поради тоа. Здрави оброци, во препорачани количини тгаш кога сте гладни, е сосема во ред, а дали се распоредени во три, четири или шест оброци и не е толку важно!

  1. Десертите без глутен се поздрави

Ова не е точно. Тортата без глутен се разликува од тортата со глутен само по видот на брашното, додека сите останати состојки се идентични.

  1. Лебот од цели зрна е единствен здрав избор

Најдобро е да се чита составот. Ако во лебот има помалку од 5 г шеќер 100 г натриум, како и мал број на штетни адитиви значи дека е здрав.