Пилаф од карфиол

0
412

Состојки:

6 шолји карфиол (отприлика 1 главица)

3 лажици маслиново масло

2 чешниња лук

½ лажичка сол

¼ тенки потпечени ливчиња од бадеми

¼ шолја свежи зачини (магдонос, кориандер или босилек)

2 лажички кора од лимон

Приготвување:

  1. Ставете го карфиолот во процесор за храна да се иситни до големина на оризови зрна.
  2. Загрејте масло во голема тава и пропржете го згмеченото лукче. Додадете го карфиолот, посолете и мешајте го на умерен оган околу 3-5 минути, додека не омекне.
  3. Тргнете го од оган и додадете ги бадемите, зачините и лимоновата кора.