Пица со модри патлиџани и домашно тесто

0
384

Состојки:

За тестото:

250 мл вода

1 кесичка сув квасец

1 лажичка шеќер

сол

50 мл маслиново масло

500 г брашно

За филот:

1/2 кг модар патлиџан

Доматно пире

Чешне лук

Моцарела или меко кравјо сирење

Оригано

Босилек

Сол, бибер

Приготвување:

  1. Замесете го тестото и оставете го да отстои з да нарасне.
  2. Поделете ја количината во ависност од големината на тепсијата во која ќе ја печете пицата.
  3. Развлечете го тестото и ставете го во тепсија попрскана со брашно
  1.  Премачкајте го тестото со доматно пире помешано со сол, бибер, маслиново масло и оригано.
  2. Наредете тенко исечени кругови од модар патлиџан, а одозгора изрендајте го сирењето и на крајот додадете ситно сечкано лукче и босилек (свеж или сув).
  3. Испечете и јадете додека е топла.