Пиварки

0
5243

Состојки:

За тестото:

250 мл пиво

250 мл зејтин

1 прашок за пециво

2 лажици шеќер

100 г гриз

600-700 г брашно

100 г сечкани ореви за полнење

За Шербетот:

700 мл вода

800 г шеќер

½ лимон

150 г мелени ореви или кокос за поросување

Приготвување:

  1. Се замесува тесто од зејтинот, пивото, гризот и брашното помешано со пецивото.
  2. Од тестото се формираат топчиња кои се полнат со оревчиња и се редат на подмачкана тепсија.
  3. Шеќерот се налева со водата и со сок од ½ лимон и се остава да врие 5 минути, а потоа се трга од рингла.
  4. Со шербетот се попаруваат оладените колачиња и се валкаат во мелени ореви или во кокос.