Планетарна исхрана за спас на човештвото

Во неа се предлага намалување на консумацијата на црвено месо и шеќери за 50 отсто, додека консумацијата на јаткасти плодови, овошје, зеленчук и мешунки би требало двојно да се зголеми.

0
264

Научниците неодамна го објавија она што се нарекува идеална исхрана за здравјето на луѓето, но и на планетата, вклучувајќи двојно поголема консумација на јаткасти плодови, овошје, зеленчук и мешунки.

Ако светот се придржува до „планетарната исхрана“, би се спречиле 11 милиони прерани случаи на смрт годишно, би се намалила емисијата на стакленички гасови и би се зачувала биолошката разновидност, почвата и водата.

„Храната која ја јадеме и начинот на кој ја произведуваме го одредува здравјето на луѓето на планетава, а сега тоа го правиме многу лошо“, рекол Тим Ланг, професор од универзитетот во Лондон и главен автор на студијата.

Исхраната на 10 милијарди луѓе до 2050.година со здрава и одржлива храна ќе биде невозможна без промена на прехранбените навики, подобрување на производството на храна и намалување на отпадот.

„Ни треба голема промена, досега невидена промена на глобалниот систем на исхрана“, истакнува Ланг.

Бројните опасни болести, како што се дебелината, дијабетесот, неисхранетоста и некои типови на тумори, се поврзуваат со лошата исхрана.

Стручњаците велат дека нездравата храна моментално доведува до повеќе смртни случаи отколку сексот без заштита, алкохолот, дрогата и пушењето заедно.

Предложената „планетарна исхрана“ е резултат на тригодишниот проект кој го нарачало научното списание Лансет и вклучувал 37 специјалисти од 16 земји.

Во неа се предлага намалување на консумацијата на црвено месо и шеќери за 50 отсто, додека консумацијата на јаткасти плодови, овоје, зеленчук и мешунки би требало двојно да се зголеми.

Претставувајќи им ја студијата на новинарите во Лондн, научниците рекле дека станува збор за амбициозната цел луѓето да го прифатат новиот налин на исхрана.

„Повеќе од 800 милиони луѓе немаат доволно храна, а уште повеќе не се хранат здраво што доведува до многу случаи на прерана смрт и болести“, рекол Валтер Вилет од Харвард. „Вреди да се обидеме и да направиме колку е можно повеќе“.

Фото: Pixabey