Пластични честички најдени во флашираната вода

Тестирањето на најголемите брендови на флаширана вода откриле дека речиси сите од нив содржат мали честички од пластика.

0
480

Научниците ја тестирале водата во шишињата на најголемите производители и заклучокот од тоа тестирање бил дека во речиси сите тие шишиња се најдени ситни пластични честички. Барем една од овие води се наоѓаат и на нашиот пазар.

Ова е најголемото истражување од овој вид, наведува БиБиСи. Биле купени 250 шишиња вода од девет држави и сите се тестирани. Купени се шишиња од различни производители. Истражувањата ги водела новинарската организација „Орб Медиа“ и откриено е во литар таква вода да се најдени просечно десет такви честички! И сите биле со ширина на човечка дланка.

Компаниите чии шишиња биле тестирани наведуваат дека произведуваат вода по највисоки стандарди. Истражувањата се вршени на Државниот универзитет на Њујорк.

„Пронајдовме пластика во речиси сите шишиња. Овде не станува збор за тоа да го впериме прстот кон одделен производител, туку само сакаме да покажеме дека се тие честичкиу секаде околу нас. Пластиката продира и во водата која ја пиеме – навел Шери Мејсон, професор по хемија, наведувајќи дека истражувањата ги загрижиле научниците. Студијата е квалитетно направена, според сите научни правила“, навеле стручњаците за американски и британски медиуми.

Од каде пластрика во водата? Се наведува објаснување дека можеби потекнуваат од честичките кои се спуштаат од капачињата откако ќе го отворите шишето. Само во 17 од 250 шишиња кои се тестирани не се најдени траги од пластика, а во сите останати се најдени.

Во флашираната вода е најдено следното:
– Во 93 отсто од шишињата е најдена микропластика – 10 честички поголеми од 100 микрони се најдени во литар вода.

– 314 честички помали од 100 микрони (за кои исто така се смета дека се пластични) се исто така најдени во литар вода

Ако сакате да дознаете кои се компаниите кои продаваат „вода со пластика“, погледнете ОВДЕ.