Плескавици од наут со ким и со магдонос

Ручек за вегетаријанци, но и за оние кои сакаат да пробаат нешто поинакво од „шарска“

0
488

Состојки:

  • 40 дкг наут
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 јајце
  • малку ким
  • 1 морков
  • 1 шолјичка презли
  • 1 лажица исечкан магдонос
  • зејтин, сол и бибер

Приготвување:

1. Измијте го наутот и смелете го во блендер.

2. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно и додадете ги во наутот. Додадете ги во смесата и ренданиот морков, кимот, магдоносот и јајцето.

3. Со влажни раце обликувајте плескавици, извалкајте ги во презли и испржете ги.

4. Послужете ги со салата.