Појадок со посебен вкус

Си рековме да пробаме и ние еднаш каков вкус има тоа спелтино брашно...и еве го, помешано со интегрално и пченкарно, навистина дава еден поинаков и поубав вкус

0
168

Оваа лесна пита со мешавина од три вида брашно (спелтино, интегрално и пченкарно), козјо сирење и семки, изгледа многу едноставно, но е особено вкуснa.

Состојки:

3 јајца

1 шолја спелтино брашно

1 шолја интегрално брашно

1 шолја пченкарно брашно

1 прашок за пециво

1 шолја кисело млеко

1/2 шолја маслиново масло

150 грама козјо сирење

За поросување:

семки од тиква, семки од сончоглед, ким

Приготвување:

Се мешаат трите видови брашно и прашокот за пециво.

Се матат јајцата и се додаваат киселото млеко и маслото. Во оваа смеса се додаваат полека брашната и здробеното сирење. Се мешаат и смесата се става во подмачкана тепсија. Се поросува со семки по ваш избор.

Се пече околу 30-35 минути на 200 степени.