Почнува сезоната на сладоледи!

Пролетта пристигна, а првите топли сончеви денови веќе не потсетуваат на најсаканиот десерт и на децата, но и на возрасните. Еве идеја за едноставен сладолед кој за разлика од купечките е и прилично здрав, па можете да си го направите дома и да им го понудите на домашните без грижа на совест.

0
200

За да го направите овој сладолед ви се потребни три основни состојки. Сите додатоци потоа се работа на личен вкус и избор.

За основниот рецепт ви требаат:

Две банани (најпрвин треба да ги ставите да се замрзнат во замрзнувачот)

2 лажици путер од кикирики

1 лажица какао во прав

Како додатоци можете да употребите јаткасти плодови или пак зрнесто овошје по сопствен избор, но и трите основни се сосема доволни за одличен вкус.

Приготвување:

Сите состојки ставете ги во блендер, а потоа замрзнете ја смесата.

Освен што е неодоливо вкусен, овој сладолед е и прилично здрав па не мора да се грижите ако претерате. Имено, содржи здрави масти и протеини што го прави идеален пролетен десерт.