Полнети шампињони со авокадо и козјо сирење

Ако сакате нешто брзо, здраво и едноставно, а во фрижидерот имате авокадо кое наскоро мора да го искористите, еве еден одличен предлог.

0
127

Ви требаат малку поголеми шампињони, а такви, за среќа, лесно се наоѓаат кај нас.

Малку козјо сирење, авокадо и имате вистинска ексклузива.

Состојки:

10 големи шампињони

2 авокада

Околу 150-200 грама козјо сирење

Лук

Магдонос

Маслиново масло

Сок од лимон

Сол и црн пипер

Приготвување:

Извадете ги дршките на печурките и исечкајте ги на поситни делчиња. Авокадото исечете го на коцки и зачинете со сок од лимон, сол, црн пипер, лук и маслиново масло.

Додадете го сирењето исечено на коцкички и исечканите дршки кои претходно треба малку да се потпржат на маслиново масло.

Наполнете ги печурките со смесата и печете ги 20-тина минути на температура од 180 °C.