Полнети тиквички на вегетаријански начин

Доаѓа време на тиквички и оние кои ги сакаат можат да уживаат во најразлични варијанти

0
560

Искористете го убавото време и наместо да правите комплицирани ручеци, купете си од првите пролетни тиквички и направете лесен ручек за половина час.

Состојки:

2 големи тиквички

2 лажици маслиново масло

Пола кромид

2 домати

1 лажица капари

100 г пармезан

Босилек

Приготвување:

Исечете ги тиквичките по должина и издлабете ја средината која ќе ја пропржите на маслиново масло заедно со ситно исечканиот кромид, исечканите домати, босилекот, сол и црн пипер. Динстајте ги 3-4 минути, а издлабените тиквици печете ги 6-7 минути во рерна на 180 степени, извадете ги, наполнете ги со филот, поросете ги со исечкани капари и тенок слој рендан пармезан и вратете ги во рерна и печете уште 10-15 минути.