Полнети урми

0
1065

Состојки:

Урми

Кандирана кора од портокал

Ореви или бадеми

Марципан

За глазурата: црно чоколадо и малку путер

Приготвување:

  1. Урмите пресечете ги по должина и наполнете ги со различни полнења: со кандирана кора од портокал и марципан или само со марципан и слично. Ако ги правите со глазура, затворете ги целосно. Во спротивно, оставете да се гледа полнењето.
  2. Растопете на пареа чоколадо со малку путер, ставете во шолја и ставајте ги внатре урмите една по една. Друга варијанта е секоја урма да се натопи само до половина. Ставајте ги да се сушат на мрсна хартија.