Помага ли кафето против главоболка?

На некои при главоболка ќе им помогне ибупрофен и сон, на некои ладен облог на очите, а некои тврдат дека им помага кафе и лимон

0
97

Некои луѓе сметаат деа кофеинот може да ја острани главоболката, додека труди се трудат да го докажат спротивното. Кафето, односно кофеинот не делува на сите луѓе еднакво.

„Да бидеме јасни, кофеинот не помага секогаш кај главоболката, само понекогаш“, објаснува диететичарката Кирстен Ренсбури од Калифорнија.

Таа вели дека кофеинот помага кај главоболките кои настанале со отекување на крвните жили во мозокот. Во тие случаи, пиењето кафе со кофеин може да помогне во стегањето на жилите  и на тој начин да го намали отекувањето.

„Ги опушта и мускулите“, појаснува Киран Ф.Рајниш, директор на одделот за невролошки болки на Медицинскиот центар на универзитетот Ohio State Wexner. Но, треба да се биде внимателен затоа што премногу кафе може да предизвика напнатост на мускулите и со самото тоа, да ја влоши болката. Но колку е премногу кофеин?

Науката нема одговор на ова прашање затоа што кофеинот различно влијае на луѓето.

„Некои луѓе се генетски почувствителни на кофеинот“, објаснува Рајниш за Хафингтон Пост, и додава дека тие луѓе би требало да се воздржат од консумирање на кафе за оваа цел. Држете се до својата вообичаена доза која и инаку ја пиете, една или две шолјички на ден. Ако и натаму имате главоболка, не посегајте по дополнителни количини затоа што веројатно нема да ја ублажите. На некои при главоболка ќе им помогне ибупрофен и сон, на некои ладен облог на очите, а некои тврдат дека им помага кафе и лимон. Стручњаците советуваат да се обидете да бидете во затемнета просторија, да се опуштите во тпла бања, да избегнувате тешки оброци и да обезбедите квалитетен сон.

Што се однесува до кафето со лимон, некои луѓе тврдат дека токму оваа комбинација е добитна кога станува збор за лекувањето на главоболката. Дури, оние кои се навикнати на овој вкус, пијат кафе со лимон и кога немаат главоболка. Но има и такви кои оваа комбинација не би ја пробале по ниедна цена, па дури и ако имаат силна главоболка која не поминува од ибупрофен. Кафе и лимон се препорачува и против диареја.

Фото: Pixabey