Помфрит од авокадо

Сите знаеме дека помфритот не е многу здрав, особено оној од ресторабите за брза храна кадешто обично се пржи во многу зејтин кој се употребува повеќе пати. Затоа, наместо помфрит, направете си ја оваа здрава замена

0
240

Состојки:

2 авокада
1 шолја пченкарно брашно
3 jајца
2 шолји интегрални презли
Кокосово масло
Хималајска сол

Приготвување:

1. Излупете го авокадото и исечете го на пола. Извадете ја семката па исечете го на ленти.
2. Секоја лента натопете ја во брашно, па во јајца и на крај во презли.
3. Пржете ги на кокосово масло околу 5 минути. Извадете ги на хартија и малку посолете.