Помфрит од моркови

0
249

Ако ви се грицка нешто, направете си брзо мезе. Помфрит од моркови (можете да го направите и со батат), кисели краставички, некој домашен сос…

Состојки:

10 излупени и на тенки стапчиња исечени моркови

2 лажици маслиново масло

1 лажичка сол

½ лажичка лук во прав, оригано и мајчина душица по желба.

Приготвување:

Излупете ги морковите и исечете ги во форма на стапчиња. Загрејте ја рерната на 200 C. Во тепсија обложена со хартија за печење, помешајте ги морковите со зачините и со маслото и разномерно распоредете  ги па ставете да се печат и превртувајте ги повремено за да не ви загорат.