Посен колач со моркови

Еве уште еден одличен рецепт за посен колач. Значи, доколку постите, а сте мераклии за благо, не очајувајте. Навистина е многу вкусен

0
443

Состојки:

1/2 кг моркови

1 јаболко

1 лимон

2 шолји брашно

1 шолја масло

100 г кафеав шеќер

1 лажичка цимет

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

100 г сечкани ореви

Кисела вода по потреба

Приготвување:

Морковите се рендаат, а исто и јаболкото. Се додава шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додава сок од лимон.

Се додаваат останатите состојки и доколку е смесата густа се додава кисела вода.

Смесата се остава да стои половина час, а потоа се става во подмачкан сад за печење и се пече во загреана рерна околу 30-40 минути.