Посни колачи со банана и кокос

0
578

Кога сакате да го избегнете путерот од било каква причина, во рецептите за слатки можете да употребите банана, сос од јаболки или пак путери оd разни јаткасти плодови. Најпознат и најупотребуван е оној од кикирики.

Најпознат и најупотребуван е оној од кикирики. За овие колачи како замена одбравме банана, а наместо млеко или нешто слично, ставивме сок од портокал. Засладивме со кафеав шеќер и со мед. Но да не прераскажуваме надолго и нашироко, еве го и рецептот.

Состојки:

Суви состојки:

120 г интегрално брашно

100 г овесни снегулки

100 г кокос

70 г кафеав шеќер

2-3 лажици какао

Мокри состојки:

1 банана

1 лажица мед

1 ванилин шеќер

Сок од 1 портокал

1 лажичка сода бикарбона

2-3 лажици зовриена вода

Приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180°C.

  1. Во чинија измешајте ги брашното, какаото, кокосот, шеќерот и овесните снегулки
  2. Бананата згмечете ка со вилушка, додадете и го медот и сокот од портокал и измешајте.
  3. Содата растопете ја во тукушто зовриената вода и додадете ја во смесата со бананата
  4. Течната смеса додадете ја во сувата и мешајте со лажица додека не добиете еднолична смеса
  5. Со лажичка ставајте од смесата на тепсија во која претходно ќе ставите хартија за печење и полека притискајте ги за да добијат некаков облик.
  6. Печете околу 15 минути. Кога ќе се оладат чувајте ги во кутија за колачи.