Праски на скара

0
165

Состојки:

350 г праски

200 г павлака

1 лажица мед

Прстофат кардамом

По желба: фстаци или друго јаткасто овошје

Приготвување:

  1. Преполовете ги праските, отстранете ја семката и испечете ги на скара или во грил тава од двете страни. Додека праските се печат, во павлаката додадете мед и кардамом.

2. Печените праски прелијте ги со подготвената павлака и по желба поросете со исечкани јаткасти плодови.