Празнични колачи со ореви

0
520

Состојки:

2 белки

200-250 г ореви

150 г лешници

150 г шеќер

За декорација:

150 г шеќер во прав

1 лажица вода

1 лажица проѕирен ликер по желба

1 рака ореви

Малку сол

Приготвување:

  1. Помешајте ги белките со малку сол и матете ги додека не добиете цврста пена.
  2. Смелете ги оревите и лешниците и додадете ги кај белките, додадете и шеќер и мешајте додека не добиете тесто.
  3. Оставете го на кратко да отстои па расукајте го и направете облици по желба. Оставете ги да отстојат неколку часа или преку ноќ па утрото печете ги на 180 степени околу 10 до 15 минути.
  4. Глазурата направете ја од шеќерот во прав, вода и ликер.
  5. Премачкајте ги со глазурата и украсете ги со половинки ореви.