Празнични колачи со бадеми и цимет

Овие кекси имаат три добро страни - вкусни се, прекрасно мирисаат и одлично изгледаат

0
617
Ви предлагаме оваа доза од која излегуваат околу 10-15 кекси (во зависност од калапите) да ја направите сега, а за десетина дена, веднаш направете двојна количина затоа што ќе се уверите дека се едноставно неодоливи.

 

Состојки:

3 белки

250 г шеќер во прав

10 г ванилин шеќер

3 капки рум (по желба)

1 мала лажичка цимет

250 г бадеми

Приготвување:

Од белките изматете цврст снег па постепено додавајте го шеќерот и продолжете да мешате со миксерот. Две лажици издвојте за премачкување.

Во снегот од белките внимателно измешајте ги ванилиниот шеќер, румот, циметот и половина од мелените неизлупени бадеми. Во смесата додадете толку преостанати бадеми за незначително да се лепи. Префрлете ја смесата на работна маса поросена со шеќер и расукајте на дебелина од околу 1/2 цм. Со помош на калпчиња вадете од тестото и редете ги на тепсија а потоа премачкајте ги со остатокот од снегот.

Печете на 140°C околу 30 минути. При вадењето од рерна мораат да бидат малку меки. Оставете ги да се оладат и по желба украсете ги, но и вака се преубави.

Фото: Pixabay