Празот ги чува штитната жлезда и белите дробови

Иако често го употребуваме во нашата кујна, на малкумина им се познати лековитите својства на овој зеленчук. За разлика од кромидот и лукот, празот се употребува цел – и тоа не само како зачин, односно, не само како додаток во јадењата, туку и самостојно во различни варијанти.

0
363

Празот изобилува со хранливи и лековити состојки и содржи голема количина на минерали и витамин Ц, како и етерични масла со сулфур. Тие масла делуваат благотворно на дишните органи, на варењето, црниот дроб, крвта и крвните жили. Воедно, токму од маслата потекнува и мирисот на празот кој е специфичен, а за многумина и непријатен. Но останува фактот дека е вкусен и здрав. При употребата на празот се препорачува користење и на белото стебленце и на зелените листови.

Инаку, празот се употребува во следните случаи:

При зголемена штитна жлезда се препорачуваат топли облози од варен праз.

Помага при искашлување, ја смирува кашлицата и благотворно делува при воспаление на белите дробови и астма.

Ја намалува зголемената количина на мокрачна кислеина, холестерол и маснотии во крвта.

Ја подобрува циркулацијата на крвта и помага при артеросклероза и воспаление на вените.

Го подобрува апетитот и ја поттикнува работата на системот за варење и на цревата.