Претворете ги „шолјите“ во грамови – брзо и едноставно

Ако не ви се јасни мерките на намирниците во рецептите, еве полесен начин. Зачувајте го ова, испринтајте го и закачете го во вашата кујна. Кога не знаете што точно значи 1 шолја путер, брашно, шеќер или нешто друго, погледнете во оваа табела и продолжете да мерите во грамови

0
553

За да си го олесните печењето колачи ја најдовме оваа табела во која мерките на намирниците кои обично се пишуваат во шолји, се претворени во грамови. Имено, во странските рецепти обично главна мерна единица се шолјите, и тоа оние од 250 мл, но ние сѐ уште работиме со кујнска вага. Барем повеќето од нашите домаќинки. Токму затоа, доколку немате мерни шолји или сте едноставно навикнати да мерите во грамови, еве ви одлична табела во која мерните шолји на повеќето намирници кои се користат во печењето колачи, се преведени во грамови.

Путер

1 шолја путер = 227 г

1/4 шолја путер = 57 г

1/3 шолја путер = 76 г

1/2 шолја путер = 113 г

Брашно и шеќер во прав

¼ шолја = 32 г

1/3 шолја = 43 г

2/3 шолја = 85 г

¾ шолја = 96 г

1 шолја = 136 г

Овесни снегулки

¼ шолја = 21 г

1/3 шолја = 28 г

½ шолја = 43 г

1 шолја = 85 г

Обичен кристал шеќер

¼ шолја = 50 г

1/3 шолја = 67 г

½ шолја = 100 г

2/3 шолја = 134 г

¾ шолја = 150 г

1 шолја = 201 г

Кафеав шеќер

¼ шолја = 55 г

1/3 шолја = 73 г

½ шолја = 110 г

1 шолја = 220 г

Мед, меласа, сируп

¼ шолја = 85 г

1/3 шолја = 113 г

½ шолја = 170 г

2/3 шолја = 227 г

¾ шолја = 255 г

1 шолја = 340 г

И уште некои битни мерки

1 шолја парченца чоколадо = 152 г

1 шолја какао = 128 г

1 шолја исечкани ореви = 122 г

1 шолја кокосово брашно = 71 г

1 шолја маргарин = 205 г

1 шолја цели ореви = 99 г

И за крај, уште една мала напомена: ако во рецептот се споменуваат шолји, тоа е главно шолја од 250 мл, но вие можете да користите која било шолја, важно соодносот на намирниците да е еднаков како во рецептот.

Фото: Pixabey