Професорка од Харвард тврди: Кокосовото масло е вистински отров

Доктор Карин Михелс го разби митот дека кокосовото масло е добро, нарекувајќи го „чист отров“ и „најлошата храна што можете да ја изедете“.

0
969

Кога 50-минутно германско предавање ќе стана вирален хит на Јутјуб, може да звучи невообичаено, но насловот на говорот на Карин Михелс, управителка на Институтот за превенција и туморска епидемиологија на Универзитетот во Фрајбург и професорка на Харвард, предизвика вистинска збрка на интернет. Михелс во текот на својот говор под наслов „Кокосовото масло и останатите нутритивни грешки“, го доведе во прашање сето она што се тврдеше дека е добро за нашето тело. Докторката тврди дека заради штетното делување на заситените масни киселини во кокосовото масло во нашето тело, тоа е најлошата храна која можеме да ја изедеме.

Ова е спротивно на досегашното мислење дека кокосовото масло е добро за нашето здравје, а беше нарекувано и супер храна која може да се користи во кујната како составен дел од секое јадење. Минатата година Американската Асоцијација за Срце ги ажурираше своите препораки во однос на заситените масни киселини од кокосовото масло советувајќи ги луѓето да ги заменат заситените масти во својата исхрана со незаситени масти за да го намалат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Според докторката Михелс, консумацијата на кокосово масло е далеку поштетна од маста затоа што се состои главно од заситени масни киселини.

Јадејќи храна богата со заситени масни киселини се зголемува ризикот од срцеви болести заради порастот на холестеролот во нашата крв. Освен кокосовото масло намирници богати со заситени масни киселини се и путерот, тврдиот кашкавал, колбасите, месните пити…Од друга страна, храната богата со незаситени масни киселини вклучува мрсна риба, јаткасти плодови, семки, растителни масла, авокадо.

Додека Михелс не ги опишува другите „супер храни“ како акаи, чиа семе или мача како штетни, таа најчесто ги смета за неефикасни бидејќи, во повеќето случаи, хранливите материи заради кои се нарекуваат супер храна ги има и во другите храни кои се полесно достапни, како што се моркови, цреши и кајсии.

„Ние сме добро и доволно сме снабдени“, вели таа.

Додека докторката Михелс очигледно цврсто верува во негативното дејство од кокосовото масло, здравствените препораки за исклучување на заситените масни киселини од исхраната се помалку црно-бели.

Повеќето истражувачи се согласуваат дека маслиновото масло или лененото масло може да бидат важен дел од здравата исхрана. Додека научниот свет сè уште дебатира дали заситените масни киселини навистина се дело на ѓаволот, други велат со сигурност дека е тоа така.

Сепак, една студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition укажува на тоа дека луѓето кои рутински консумираат сирење, полномасно млеко и други високо-масни млечни производи – во суштина, производи со висока содржина на заситени масни киселини – немаат поголем ризик од умирање од срцев удар, удар или друга болест во споредба со оние кои ги избегнуваат таквите производи.

Друга студија со податоци од 135.000 луѓе во 18 земји објавена во The Lancet, покажа дека потрошувачката на масти и ниски јаглени хидрати е поврзана со 23% помал ризик од смрт. И, уште повозбудливо, позитивниот ефект сѐ уште стои, без оглед дали се конзумираат заситени или незаситени масни киселини.

Некои луѓе веруваат дека кокосовото масло може да се користи за лекување на Алцхајмерова болест иако здружението на заболени од таа болест тврди дека не постојат доволно докази како потврда на оваа теорија.

Значи каква е вистинската пресуда за кокосовото масло? Повеќето меѓународни упатства за исхрана препорачуваат уживање на заситени масти во умерени количини. Како што вели поговорката, дозата го прави отровот, па ако имате слабост кон кокосовото масло, само внимавајте да не се предозирате.