Прокељ – паметни главички кои ги отстрануваат токсините и штитат од рак

0
3031

Се смета дека на прокељот затоа што е жилав зеленчук му треба долго време за варење, па најчесто луѓето знаат да ги преварат при што главичките го губат убавиот вкус и значителна количина хранливи материи.

Прехранбените стручњаци сметаат дека на прокељот му се доволно 5 минути варење, најдобро на пареа.

Токму 5 минути варење на пареа се покажале како оптимално време за главичките прокељ да бидат највкусни – однадвор меки, а однатре крцкави и лесно сварливи. Ако се готват подолго, зелената боја избледува, а почнува да се ослободува непријатен мирис кој влијае и на вкусот.

Овој нискокалоричен зеленчук е вистинско чудо кога станува збор за хранливи материи. Прокељот е одличен извор на витамин А (во облик на бета каротен), Б, Ц, Е и К, а содржи и бројни минерали: калиум, манган, железо, магнезиум, бакар, калциум…

Тука се и омега-3 масните киселини, белковините, влакна, триптофан, лутеин, зеаксантин…

Прокељот, како и другите зелјести зеленчуци содржат значајни количини сулфурни материи, како глукозинолати и изотиоцијанати кои ја зголемуваат способноста на црниот дроб да создава ензими кои ги неутрализираат потенцијално отровните материи и штитат од рак.
Заради изобилието на витамини, минерали и омега-3 масни кислеини, прокељот придонесува за здравјето на кожата и сврзувачките ткива па се одлична „храна за убавина“. Се препорачуваат и за добро варење, цврсти коски, силни мускули…

Избегнувајте главички со пожолтени и овенати листови. Ако се свежи, можат да останат во таква состојба и до 10 дена, доколку се чуваат правилно. Ставете ги во пластична кесичка, цврсто затворете ја и истиснете го воздухот. Не ги мијте пред да ги ставите во фрижидерот, туку само непосредно пред употреба. Мијте ги под млаз ладна вода, а не ги оставајте да стојат во неа затоа што ги губат хранливите материи.

Се подготвуваат едноставно. Треба да се отсече крајчето, кадешто е стеблото, а главичките ако се поголеми, може да ги исечете. Добро е да ги оставите исечени на половини или на четвртини околу 5-10 минути пред да ги сварите затоа што така се активираат благотворните ензими. За да го поттикнете овој процес можете да ги попрскате со малку сок од лимон.