Променете ја исхраната и намалете го потењето во летните месеци

Иако во борбата со непријатната појава најчесто бараме помош во козметичките производи многу подобро од нив делуваат и промените на животните навики. Една од нив е и исхраната.

0
266

И покрај редовната хигиена и користењето на миризливи препарати во текот на летните месеци нашето тело станува лепливо и добива непријатни мириси. Иако во борбата со непријатната појава најчесто бараме помош во козметичките производи многу подобро од нив делуваат и промените на животните навики. Една од нив е и исхраната.

Храната богата со влакна како што се зрнестото овошје, јаткастите плодови, лиснатиот зеленчук и целовитите житарки во текот на летото би требало да сочинуваат 90 отсто од составот на дневните оброци.

Црвеното месо заменете го со риба. На пример, лососот и сардините содржат големи количини калциум кој помага при намалување на потењето.
Еднаков ефект врз потењето имаат портокалите и брокулата.

Ним е позната индиска билка која значително помага кај потењето бидејќи е силен антиоксидант. Во шолја топла вода додадете прстофат прав од оваа билка и измешајте.

Доколку вкусот ви е горчлив, додадете малку лимон и мед. Чајот консумирајте го најмалку трипати дневно, а најважно е наутро да го пиете на празен желудник.
4.

Маслиновото масло користете го како единствен додаток на салатите и варивата, тоа изобилува со антиоксиданти и полесно се вари во однос на другите сродни растителни масла.

Затоа, избегнувајте маргарин и сончогледово масло при приготвувањето на јадењата, бидејќи тие на високи температури се претвораат во штетни состојќи кои телото ги исфрла во облик на токсини преку порите на кожата.