Протести или скара, или протести па скара

Сите ни ги гледаа нашите раженчиња зашто беа најубаво наредени, малку мевце, малку тиквичка, малку мевце, малку тиквичка...А како само мирисаше ...

0
226

Во Македонија и годинешниот Празник на трудот не се разликува од претходните. Има многу незадоволни, а уште повеќе има од оние незадоволните кои одат на скара и на пиво.

Еве како беше денеска во дворот на манастирот Свети Никита на Скопска Црна Гора

Ние бевме на скара и на пиво. Ама и оние кои беа на протести, отидоа потоа на скара и на пиво. Само што вториве немаа време да си ја направат сами па отидоа во кафана.

И во државите во регионот меѓународниот празник на трудот се одбележува слично, со помали и воглавно симболични протести на синдикалците и со излети и скара во природа.

Кај нас, како и во повеќето други земји, Први мај се смета за државен празник и се одбележува – неработно. Најголемата работа за 1 мај е правењето скара.

Чија скара е поубава и повкусна, чие пиво поладно, … А градот чади ли чади…и наместо на пролет, сѐ мириса на скара!