Прв светски атлас за храна кој помага да ги лоцирате локалните јадења во сите земји на светот

Од локалните македонски специјалитети се споменати симит погачата, гравчето (тавче), галичкиот кашкавал, ширденот, крушевскиот локум, кумановскиот мезалак, пастрмајлијата, охридската торта и охридскиот чомлек, татлијата, лапа и вино станушина.

0
267
После три години подготовка и напорна работа, активиран е првиот глобален атлас за храна Taste Atlas кој засега нуди повеќе од 8,5 илјади автентични јадења, пијалоци и намирници.
Првиот светски атлас за храна на многумина ќе им биде од голема корист затоа што така ќе знаат што можат да очекуваат во земјата во која патуваат.

Taste Atlas засега нуди повеќе од 8,5 илјади автентични јадења, пијалоци и намирници. На официјалната страница е можно да се најдат специјалитети од голем број земји. Идејата на атласот е да се промовираат локалните јадења и посетителите и туристите да се запознаат со традиционалните јадења кои можат да ги пробаат во рестораните.Сајтот го направил основачот на хрватскиот портал Индекс, Матија Бабиќ со тим од дваесетина луѓе.

Според него, тоа била напорна, но и забавна авантура. Освен истражување преку интернет, направил и доста теренски истражувања и заклучил дека најдобрата кујна на светот е италијанската, а следуваат јапонската и перуанската. Најлошо, според него, се јаде на Малта.

Инаку, јадењата на овој вебсајт можат и да се оценуваат и да се редат во топ листи. Неговата употреба е корисна и се што треба да направите е да ја внесете земјата во која се наоѓате или која сакате да ја истражите и на екранот ќе добиете цел список од јадења. Одлично е и тоа што можете и самите да внесувате податоци и така да им помогнете на оние кои ќе допатуваат тука подоцна.

Во атласот свое место има и Македонија, а од локалните македонски специјалитети се споменати симит погачата, гравчето (тавче), галичкиот кашкавал, ширденот, крушевскиот локум, кумановскиот мезалак, лапа, пастрмајлија, охридска торта, виното станушина, татлија и охридски чомлек.

А вака изгледа мапата на поранешните југословенски држави: