Прво прототип решение за одгледување на свежи зачини

0
200

Во периодот од 1 до 7. јули, осум студенти од Архитектонски факултет и факултетот за дизајн на мебел и ентериер од Скопје, успеаја да изработат мобилна вертикaлна градина за одгледување на зачини.

Прототипот е изработен  под менторство на Лаурент Вие Лапонте и Роби Вајл, двајцата од студиото Милиметарсеконде, специјализирано за производи од дрво.

Престојот и работењето на менторите е поддржано од регионалната програмата за развој на млади претприемачи во креaтивните индустрии од страна на Swiss Contact.

Мобилната вертикална градина ќе биде доработена и како финален прототип ќе биде изложена на овогодишното издание на Skopje Design Week, од 21. до 25. ноември на повеќе локации низ Скопје.

Учесници  во работилницата и изработувачи на мобилната вертикална градина се: Бисера Саздовска, Ива Савиќ, Петар Буневски, Сандра Трајковска, Емилија Ѓорѓиоска, Сара Алаѓозовска, Елена Настеска, Елена Невеновска.