Пржено пилешко со венец од ориз (ВИДЕО)

За овој рецепт не ви треба ништо посебно: пилешко, зеленчук, вок тава и, се разбира, ориз и соја сос. Но доколку сакате да го сервирате токму вака, задолжително ви треба и калап за куглоф.

0
203

Состојки:
(за 6 порции)

¼ чаша (50 г) шеќер
½ чаша (120 мл) соја сос, плус 3 лажици за подоцна
Се употребува и ½ чаша саке или, ако немате, ставете бело вино
900 г пилешки копани без коски
1 лажица масло
2 моркови
1 кромид
1 црвена пиперка
сол, црн пипер по вкус
1 чаша (150 г) грашок
1 чаша (150 г) цветчиња од брокули
3 лажици масло од сусам
2 лажици лук во прав
1 лажица ѓумбир во прав
4 чаши (1 кг) бел ориз, ладен
6 големи јајца
сусам за поросување
главици од млад кромид за украсување

Начинот на приготвување погледнете го во видеото подолу. Не е комплицирано, а она што е посебно во овој рецепт е начинот на кој е сервиран. За тоа ви треба само калап за куглоф. Сѐ друго можете да направите како и вообичаено.