Психолозите ги објаснуваат бенефитите од печењето за други луѓе

Готвењето и печењето за други и споделувањето на храната со другите, има голем број психолошки придобивки, па не е чудо што се користи и како терапија

0
531

Луѓето кои печат користат најразлични изговори за да ги загреат своите рерни. Тие печат торти за нечиј роденден, се трудат околу колачите за да ги прослават празниците и набрзина прават браунис затоа што секој сака чоколадо.
Но излегува дека печењето е повеќе од тоа да се направи нешто благо за јадење. Печењето, особено кога се прави нешто за други може да биде придружено од голем број психолошки бенефити.
Печењето е форма на самоизразување и комуникација.
„Печењето ја има предноста да им овозможи на луѓето креативно изразување“, велчи Дона Пинкус, вонреден професор на психолошки и науки за мозокот на Бостонскиот универзитет за Хафингтон Пост. „Постои многу литература за поврзаност помеѓу креативното изразување целокупната благосостојба. Без оглед на тоа дали станува збор за сликање, за правење музика (или за печење), доаѓа до ослободување од стресот кога луѓето наоѓаат начин да се изразат себеси“.
Стресот е поврзан со ментални и психички проблеми и изнаоѓањето на начини за справување со стресот е важно за водење на здрав живот.
Кога се пече за други луѓе, печењто исто така може да биде корисен начин да се комуницира со чувствата на другите. Сузан Витбурн, професор на психолошки и науки за мозокот на Универзитетот на Масачусетс, укажува на културните норми од носење на храна кога некој близок ќе почине. Понекогаш не можат да се најдат зборови, и само храната може да биде начин на кој ќе комуницирате и може да го објасни тоа што се обидувате да го кажете. Таа за Хафингтон Пост вели: „Може да е корисно за луѓето кои имаат тешкотии со изразувањето на своите чувства со зборови, да изразат благодарност, почит и симпатии со некое добро пециво“.
Џули Охана, лиценциран медицински социјален работник и терапевт со кулинарска уметност, за Хафингтон Пост вели: „Во многу култури, храната е навистина израз на љубов, и тоа е навистина убаво бидејќи е нешто кон што сите имаме некаков однос. МИслам дека тоа би можело да граничи со нездрав начин кога е замена за комуникацијата во традиционална смисла, но ако се прави напоредно со комуницирањето, е апсолутно позитивна и навистина прекрасна работа“.


Сите сме слушнале за придобивките од медитацијата и концентрацијата на вниманието – предизвикуваат среќа и го редуцираат стресот, се некои од нив, а печењето може да го донесе истото.
„Печењето бара многу внимание и концентрација и ако се фокусирате на мирисот и на вкусот додека печете нешто, тој чин може исто така да резултира со ослободување од стресот“, објаснува Пинкус.
Ова е една од причините зошто терапијата со помош на кулинарската уметност се практикува толку често, рамо до рамо со терапијата со уметност. Исто така, печењето е начин за справување со депресијатра. Барем така вели Џон Вајти, пекар кој во 2012.година ја освоил наградата „The Great British Bake Off“, кој јавно изјавил дека печењето му помага да се справи со маничната депресија.
Во суштината на печењето за другите е самиот чин на давањето.
Иако процесот на печење може да придонесе за целокупното чувство на благосостојба, давањето го зголемува тоа чувство.
„Печењето за другите може да го зголеми чувството на благосостојба, да придонесе за ослободување од стресот и да се чувствувате како да сте направиле нешто добро за светот, што можеби ја зголемува и вашата смисла во животот и поврзувањето со другите луѓе”, изјавува Пинкус за Хафингтон Пост.
Доколку е печењето за вас стресна активност, тогаш можеби нема да ги има за вас истите придобивки, бидејќи ослободувањето од стресот би требало да биде еден од бенефитите. „Ако некој има фобија од готвење и печење, тогаш тоа не е за нив“, вели Охана. Пинкус се согласува дека се додека готвењето и печењето не е стресно и не претставува обврска, би можело да има бенефити за сите.