Псилиум, чудесни лушпи

Познато е дека влакната помагаат во регулирањето на варењето, чистењето на организмот од токсини, забрзувањето на метаболизмот и губењето на вишок килограми. Затоа, одличен избор за сето ова се псилиум лушпите кои се еден од најдобрите извори на влакна на светот

0
1413

Ако се прашувате што е тоа псилиум и како да го користите во исхраната, повеќе не мора да талкате – еве одговори на тие прашања и неколку предлози за рецепти со оваа намирница.

Чудесните лушпи на кои им се припишуваат низа позитивни својства се добиени од семето на билката Plantago (индиски тегавец). ГЛавна особина им ре собирањето вода и набубрувањето. Станува збор за извонредна намирница и за одличен извор на влакна. Познато е дека влакната помагаат во регулирање на варењето, чистење на организмот од токсини, забрзување на метаболизмот и губење на вишокот килограми.

Ако сакате да го зголемите внесот на влакна во организмот, одличен избор е токму псилиумот, бидејќи во 100 грама псилиум имаме дури 71 грам влакна со што овие лушпи се еден од најдобрите извори на влакна на светот.

Во комбинација со вода, псилиумот помага во дигестијата поради своите својства на „подмачкување“ и овозможува исфрлање на штетните материи од цревата.

Успешно ги отстранува остатоците од храна кои се таложат во цревата и кои со време потешко се елиминираат.

Ситните семки/лушпи од псилиумот кои се потопуваат во вода, може да го зголемат својот волумен до 15 пати, што ви обезбедува ситост, и обезбедува лесно чистење на цревата. Псилиумот го препорачуваат сите диетичари ширум светот, бидејќи успешно ги заменува синтетичките лаксативи и на неагресивен начин делува врз дигестивниот систем.

Може да помогне во случај на хронична опстипација, иритабилен колон, Кронова болест, воспаление на дебелото црево, синдром на „мрзливи црева“, зголемен холестерол и други состојби поврзани со отежната и проблематична дигестија.

Може да биде сојузник во чистењето на организмот, како и во приготвувањето на свежи напитоци и смути кои инаку ги користите во својата исхрана.

Растворливите влакна во исхраната се поврзуваат со помала количина на триглицериди и согласно со тоа го намалуваат ризикот од срцеви болести, па псилиумот е одличен сојузник и на оние кои имаат срцеви проблеми. За слабеење помага затоа што како резултат на набабрувањето, создава чувство на ситост. Псилиумот има голема улога и во приготвувањето на храна како адекватна замена за јагленохидрати. Може да се користи во се што треба да ѝ даде на храната густина и волумен.

Состојки:

2 лажички псилиум

200 мл ацидофилен јогурт (или кефир)

Приготвување:

Измешајте ги состојките и веднаш испијте го напитокот. После овој оброк испијте задолжително и 2 чаши вода, а во текот на денот пијте повеќе вода од обично.

Индискиот тегавец ќе набабри во желудникот и цревата и притоа ќе се врзе за течноста, што може да предизвика блага дехидрираност, па затоа секогаш имајте чаша вода при рака.

Ако сте поборник на овој вид исхрана, пробајте го ова детоксирачко смути кое ќе ви биде замена за оброк или вечера.

Покрај тоа што ќе му помогне на вашиот дигестивен тракт и ќе го ослободи вашиот организам од токсините, ќе ве снабди и со витамин Ц, ќе ве заштити од воспалителни процеси, и ќе ви помогне доколку имате холестерол или дијабетес.