Пудинг од амарант со кокос и суво грозје

За оние што не знаат амарант е житарка што содржи магнезиум, калциум, железо, витамин Б, дава многу енергија бидејќи е богата и со протеини, па може да замени и оброк со месо. За промена, направете со оваа житарка еден здрав десерт.

0
422

Состојки:

1 чаша амарант

3 чаши кокосово млеко

1 чаша рендан кокос

1/2 чаша мед

1 лажичка сол

1 лажичка екстракт од ванила

1 стапче цимет

едно парче свеж ѓумбир

1/4 чаша суво грозје

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 350º. Во голем сад, ставете ги сите состојки а откако ќе зовријат, истурете ја смесата во подмачкана тепсија сад.
  2. Печете еден час или додека амарантот не ја апсорбира течноста.