Пуслици од аквафаба

Сигурно веќе сте слушнале за оваа веганска замена за белките од јајца и знаете дека станува збор за една од најефтините и најдостапните замени. Сѐ што ви треба е конзерва со наут или грав, или пак сварете си ги дома сами, а сѐ што ви треба е течноста.

0
289

Состојки:

Една помала конзерва или тегла со наут

1 лажичка прашок за пециво

120 грама гранулиран шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 120° C.  Ставете мрсна хартија за печење во тепсија и премачкајте ја со мала количина зејтин за да не се лепат пуслиците за хартијата. Испразнете ја теглата или конзервата наут и ставете ја водата во еден сад.

Додадете 1 лажичка прашок за пециво и матете со миксер додека не добиете убава бела смеса, а потоа полека, постојано мешајќи додавајте иста количина шеќер. Смесата ќе почне да се згуснува.

Со лажица ставајте од смесата врз хартијата за печење и ставете ги во загреана рерна па печете ги 1 час.

Ако се сѐ уште лепливи оставете ги во рерна уште 10 минути.

Извадете ги од рерна и оставете ги преку ноќ на ладно место.