Путерот го намалува ризикот од срцеви заболувања

Обемните проучувања покажале дека не постои директна врска помеѓу консумирањето на сите заситени масти и срцевите заболувања, а второ, поголемата консумација на путер е поврзана со помал процент на срцеви заболувања.

0
484

Неверојатно е колку години сме биле под влијание на погрешни информации, дека треба да се избегнува путерот, а да се јадат рафинираните масла во маргаринот, но новите научни сознанија укажуваат дека е токму спротивно.

Путерот се сметал за нездрав затоа што содржи заситени масти. Но, тоа не е правилен аргумент против путерот, затоа што стравот од заситени масти се покажал како мит, кој последните години бил отфрлен од науката.

На пример, во 2010. во реномираното списание American Journal of Clinical Nutrition е објавена импресивна студија, која вклучувала неколку илјади луѓе. Студијата ги поврзала нивоата на конјугирана линоленска киселина цо масното ткиво и ризикот од срцев напад. (Нивоата на оваа киселина се многу сигурен маркер за внесот на масни млечни производи.)

Споредени се 1813 испитаници кои имале срцеви напади со ист толкав број на луѓе кои не доживеале срцев напад.

Проучувањето е објавено во Костарика кадешто кравите главо пасат трева (не се хранат си жито ниту со концентрат). На графиконот кој го добиле истражувачите, јасно се гледа дека колку што повеќе путер јаделе испитаниците, толку бил помал ризикот од срцеви заболувања.

Кај испитаниците кои јаделе најмногу путер, шансите да доживеат срцев напад била 49 отсто помала отколку кај оние кои најмалку го јаделе.

Иако ова не е директен доказ дека токму путерот е тој фактор кој го намалува ризикот од срцеви заболувања, ова е целосно јасен доказ дека путерот на ниту еден начин не придонесува за срцевите заболувања (туку токму спротивно), што е важно да се знае.

Путерот е многу сложена млечна маст. Содржи над 400 разни масни киселини, како и значајна количина витамини растворливи во масти. Масните киселини се многу повеќе од извор на енергија, затоа што некои од нив имаат моќна биолошка активност.

Многу од масните киселини кои содржат путер многи позитивно влијаат на биохемиските процеси во нашиот организам, придонесувајќи за здравјето. Една од нив е конјугираната линоленска киселина, која послужила како показател во споменатото истражување.

Тука треба да се има предвид следното: путерот кој се добива од млекото на крави кои паселе трева содржи 5 пати повеќе конјугирана линоленска киселина, како и поголема количина омега 3 масни киселини и витамин K2, отколку путерот од млеко од крави хранети со житарки. Според тоа, ако сте во можност, подобро е да набавите таков вид путер.