Рецепт за лекување карцином?!

Рецептот на рускиот научник, професорот Христ Мермерски, како што тврди самиот е револуционерен лек со кој илјадници луѓе се излекувале од рак

0
1737

Секојдневно се појавуваат револуционерни лекови за лекување на карцином, но некои од нив, навистина вреди да се испробаат. Нема да ви ги испразнат напразно џебовите затоа што се ефтини и здрави. А дали се навистина ефикасни и како лекови за карцином, не знаеме, но во секој случај имаат одличен ефект врз целокупното здравје.

Рецептот на рускиот научник, професорот Христ Мермерски, кој како што тврди самиот е револуционерен лек со кој илјадници луѓе се излекувале од рак, е храна за лекување на комплетниот организам, а ракот во таквиот организам само се повлекува, рекол во своите предавања професор Мермерски.
Овој рецепт ги чисти крвните садови, го лекува срцето, го обновува имунитетот, ги чисти црниот дроб и бубрезите, целиот систем за излачување, исто така и системот за варење од патогената микрофлора. Ја подобрува работата на мозокот и помнењето, чува од инфаркт и доведува до излекување на оние кои доживеале инфаркт или мозочен удар. Одлично средство е и против воспаление на зглобовите и, како што тврди професорот, одличен рецепт за лекување на карцином, како и средство против сите видови тумори. Исто така, може да служи и за регулација на телесната тежина.

Состојки:

400 грама изртена пченица

15 лимони (најдобро непрскани)
12 цели главици лук
1 кг домашен мед
400 грама свежи јатки ореви

Приготвување:

Прво се подготвува пченицата. Во стерилизирана стаклена тегла ставете 400 г пченица и прелијте ја со вода па оставете ја да отстои, најдобро преку ноќ. После 10 – 12 часови, исцедете ја водата преку чиста газа и убаво измијте ги зрната, па повторно исцедете преку газа.

Ставете ја во тегла исцедената пченица, нека отстои, и после 24 часа таа ќе изрти и ќе добиете никулци со должина од 1 – 2 милиметри.
Смелете ја изртената пченица, оревите и исчистениот лук. Пет лимони (убаво измиени) смелете ги со кората, па измешајте ги со пченицата, оревите и лукот. Од останатите 10 лимони исцедете го само сокот и додадете го во смесата и мешајте додека смесата не стане хомогена.

Додадете мед и мешајте со дрвена лажица. Смесата префрлете ја во стаклен сад, нека стои 3 дена па почнете со консумирање.

Се зема 30 минути пред појадок, пред ручек, пред вечера и пред спиење. Ако ја користите за лекување на рак, земајте 1 – 2 лажици на секои два часа.
Професор Мермерски вели дека рецептот гарантира здравје и долг живот, како и излекување од рак, зачувување на свежината на телото, младост и енергија.
„Овој лек ги содржи сите неопходни витамини, минерални соли, биоактивни супстанци, протеини, јаглени хидрати и растителни масти. Поради тоа и ја подобрува работата на сите внатрешни органи и жлезди, кои телото го одржуваат здраво, а доведува и до потполно излекување на ракот“, истакнал докторот.