Рен – го чисти организмот, ја подобрува циркулацијата…

0
745

Ренот е корен со специфичен мирис и вкус, а може да се користи во текот на целата година. Богат е со витамин Ц, калциум, калиум, магнезиум и етерични масла кои му даваат лутина.

Се смета особено добро како додаток со масни јадења затоа што го поттикнува варењето такашто го стимулира лачењето на желудочните и цревните сокови.

Исто така, го прочистува организмот и ја подобрува циркулацијата.

Ренот е и природен антибиотик со силно антибактериско дејство, па во народната медицина од дамнешни времиња се користи за јакнење на имунитетот, како и против кашлица, болести на белите дробови и воопшто, против инфекции.

Сирупот од рендан рен со мед, прополис и семе од анис се препорачува како еден од најдобрите природни сирупи за лекување на болестите на белите дробови.

Ренот ја поттикнува и работата на жолчката, црниот дроб, панкреасот, цревата и желудникот. Помага против болестите на уринарниот систем и бубрежните камчиња, ја ублажува болката кај реумата и артритисот, ја прочистува кожата.