Рижото Миланезе

0
396

Состојки:

450 г ориз

2 л вода или супа од коцка

80 г путер

1 кромид

150 мл бело вино

50 г пармезан

Малку шафран

Приготвување:

  1. Ставете го шафранот во шолја жешка вода да отстои 15-20 минути, зависно од јачината на вкусот кој сакате да го постигнете.
  2. Стопете го путерот во тава и додадете го ситно сечканиот кромид, динстајте го 5 минути па ставете го оризот, а после две минути и виното.
  3. Кога виното ќе испари, додадете ја супата колку да го прекрие оризот заедно со водата во која стоел шафранот.
  4. Варете го оризот околу 17 минути, зачинете пред крајот, а кога ќе го тргнете од оган додадете го остатокот од путерот и пармезанот.