Рижото во две варијанти

0
263

Состојки:

Ориз

Свеж магдонос

Печени кикирики

Брокула

Црвена, жолта и зелена пиперка

Ѓумбир

Сол, црн пипер

суво грозје

Маслиново масло

Мед

Приготвување:

  1. На маслиново масло пропржете ги свежо ренданиот ѓумбир и оризот, па додадете вода во однос 1:3 и зачинете.
  2. Кога водата речиси ќе испари, тргнете го оризот од рингла, додадете ги кикириките, сувото грозје и свежо исечканиот магдонос и оставете го поклопен.
  3. Брокулата сварете ја кратко во солена вода и ставете ја како гарнир, заедно со сечканите свежи пиперки и по желба, прелијте со малку мед.
  4. За „месојадците“, во гарнирот додадете го јадењето со месо од кое ви останала од претходно помала количина.