Ризи бизи со печурки

0
527

Состојки:

1 кромид

200 г печурки

2 чешниња лук

150 г грашак

4 лажици путер

150 мл вино

2 шолји ориз

1 лажичка мајчина душица

магдонос

сол, бибер

вода

Приготвување:

  1. Во сад стопете половина од путерот и пропржете го ситно сечканиот кромид.
  2. Додадете ги сечканите печурки, пропржете ги па додадете го оризот.
  3. Додадете вино и варете додека не испари, а потоа додадете вода толку колку да го прекрие оризот и варете.
  4. Потоа додадете го грашокот и уште една шолја вода.
  5. Кога оризот ќе се свари, тргнете од оган, додадете путер и магдонос и измешајте.